д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, Национален координатор за медијација

Јелисавета Георгиева Јовевска е доктор по економски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје,   Економски факултет Скопје, со специјалност менаџмент на бизнис асоцијациите, односно менаџментот ставен во функција на ефикасно и ефективно остварување на целите и задачите на Коморите генерално како организации. 
Во Стопанската комора на Северна Македонија во 2001 година започнува  со работни ангажмани како референт во Центарот за европска интеграција, потоа како шеф на кабинетот на претседателот на Комората а од 2005 до 2011 година работи како генерален секретар на Стопанската комора на Македонија. Со менување на поставеноста на коморскиот систем во нашата земја, од 2011 година до 2019 ја извршува функцијата Извршен директор на Комората додека од месец мај 2019 година до денес е нејзин потпретседател. Освен на функцијата Потпретседател на Комората работи и како Проектен менаџер за развој на новоформирани Совети при Комората (Совет за унапредување на квалитетот на високото образование, Совет за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките и Совет за унапредување на индустриското производство и извозот како и координатор на Советот за странски инвеститори (ФИЦ) при Комората.

Од 2016 година наваму работи и како претседател на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората.
За време на извршување на функцијата генерален секретар/извршен директор на Комората, покрај останатите статутарни задачи, обавува и задачи како:

-    Од 2001 до 2004-Координатор на активностите во рамките на АБК-ДИХК-Асоцијација на балкански комори и Унија на Германските трговско-индустриски комори,
-    Од 2004 до 2014 година-Главен координатор на БЦТП-Балканскиот центар за трговска промоција,
-    Од 2008 до 2013-Член на работна група за ЕУ интеграција во рамки на АБК – ДИХК, 
-    Од 2009 до 2017 година-Секретар на Здружението на осигуруње при Комората,
-    Од 2009 до 2017-Секретар на Здружението за банкарство при Комората (во 2011 година го зачленува Здружението на банкарство во Европската банкарска федерација -ЕБФ),
-    Од 2009 до 2017 година-Секретар на Групацијата за работење со хартии од вредност и Секретар на Групацијата за штедилници и финансиски друштва во рамките на Здружението за банкарство,
-    Од 2011 година од основањето на Асоцијацијата до 2017 година, секретар на Асоцијација за осигурително брокерски друштва,
-    Од 2011 година од основањето на Асоцијацијата до 2018 година, секретар на Групацијата на приватни здравствени болници при Комората,
-    Од 2012 година од основањето на Асоцијацијата до 2018 година, секретар на Асоцијацијата на друштва за управување со приватни пензиски фондови,
-    Од 2014 година е основач и координатор на идејата за формирање на нов облик за поддршка на фирмите во Комората односно формирање на Клубот на менџери при Стопанската комора на Македонија кој моментално работи во еден од Советите,
-    Од 2016 година од основањето на Асоцијацијата до денес е Претседател на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата (АПМ) при Стопанската комора на Македонија. 

Д-р Георгиева Јовевска од 2009 година е и интерен проверувач (по ISO 9001:2018)  во Стопанската комора на Северна Македонија преку управување со анализа на документи, класификација на документи, мапирање на деловен процес  и слично, од 2015 година станува лиценциран вештак од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење со лиценца издадена од Министерството за правда на РСМ и од 2016 година е лиценциран помирувач и арбитер за мирно решавање на работни спорови со лиценца издадена од Министерството за труд на РСМ. За целиот период на извршување на професионалните ангажмани во Комората и стекнувањето со други дополнителни вештини, Георгиева Јовевска, за областите на кои работи и е посветена, се усовршува со преку 50-тина обуки, специјализации, академии и слично во земјата и странство (за кои поседува сертификати) и воедно е и директно вклучена во реализацијата на 15-тина успешни коморски проекти. Од јуни 2022 година д-р Јелисавета Георгиева Јовевска е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” Скопје.

Во однос на полето на медијацијата, д-р Георгиева Јовевска повеќе години наназад е инволвирана во процесите на афирмација и популаризација на медијацијата. Така, од 2001-2014 година, кога во рамките на АБК-ДИХК (Асоцијацијата на балкански комори и Унијата на Германските трговско-индустриски комори), каде се работеше и на активности поврзани со зајакнување на капацитетот на коморите и проекти за компаниите, активно учествува и е координатор на настаните за промоција на медијацијата и арбитражата како алтернативни методи на решавање на споровите. Во 2006-та година работеше на Проектот за подигнување на јавната свест за медијацијата (преку проектните активности насловени како “Финансиски користи од Медијацијата” организирани со IFC-групација на Светска банка во рамките на 6 месечниот проект за развој на медијацијата), со промоција и дистрибуција на публикациите на IFC PEP SE: Брошура за медијација, Алманах за Медијација.....
Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска од 05.07.2016 година е лиценциран медијатор со положен испит за медијатори согласно Законот за Медијација во РСМ а од март 2018 година е лиценциран обучувач на медијатори.

Во рамките на Асоцијацијата за поддршка на медијацијата Георгиева Јовевска има организирано, на цела територија на државава, од основањето на Асоцијацијата до денес, над 40 бесплатни семинари за промоција и афирмација на медијацијата на тема: “Медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови”, со учество на над 1000 претставници од компаниите и други заинтересирани партиципиенти. Паралелно со реализација на сите активности Георгиева Јовевска континуирано се усовршува и надградува и во областа на медијацијата во РСМ и надвор од неа, a преку поддршката на медиумите (печатени и пишани) афирмативно придонесува за доближување и што е можно поголемо разбирање и користење на медијацијата и нејзините придобивки (како доброволност, доверливост, ефикасност, економичност, правичност на постапката, извршност-доколку Спогодбата постигната во медијација се солемнизира на нотар и слично). 
д-р Јелисавета Георгиева Јовевска е автор на повеќе едиции на полето на медијацијата и алтернативните алатки за решавање на споровите како што се: “Моќта на арбитражата и медијацијата за алтернативно решавање на стопанските спорови”, Скопје 2008 година, “Брошура за Медијација (Промоција, афирмација, успех)”, септември 2016 година, “Брошура за предностите на медијацијата во меѓународни рамки”, април 2017 година, “Прирачник за основна обука за медијатори”, 2019 година.... 
д-р Јелисавета Георгиева Јовевска како експерт за медијација, од 21 јуни 2022 година и како Национален координатор за медијација именувана од страна на Владата на РСМ, преку поддршката на Владата со формирањето на Националниот совет за медијација како тело за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите во медијацијата, продолжува со активности за поголема промоција и достапност на медијацијата кај бизнис-заедницата и кај сите заинтересирани страни.