Спасе Додевски, Национален координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост

Телефон за контакт: 071/310 - 111
Е-маил: spase.dodevski@primeminister.gov.mk

 

Спасе Додевски е роден на 23 јули 1977 година во Струмица.

Во 2001 година завршил Дефектолошки факултет на Универзитетот во Белград, во групата олигофренологија (нарушувања на интелектуалниот развој и аутизам). По завршување на факултетот се вработува во Посебното основно училиште „Св.Климент Охридски“ - Ново Село, Струмица.

Во 2004 специјализира третман и рехабилитација на аутизам во Центарот за аутизам при СОУ„Милан Петровиќ“ - Нови Сад, Република Србија.

Во моментов е магистрант на магистарските студии на Институтот за специјална едукација и рехабилитација во Скопје, во групата оштетување на слухот.

Автор и иницијатор е на првиот модел за осмогодишно образование на ученици со аутизам  по специјализирани наставни план и програма во Република Македонија во 2006 година, за која цел учествува во изготвување на првите наставни програми и обуки на реализатори на ова образование за подоцнежно отварање на вакво образование и во останати градови во државата.

Од  2005 година до денес е член и претседател на Координативното тело за инклузија при општина Струмица, и консултатнт во општина Струмица по прашања и проекти од социјална заштита.

Во 2007 година ги проектира и се вработува во првите посебни паралелки за образование на ученици со аутизам при ООУ „Сандо Масев“ - Струмица.Претседател е на Сојузот на Дефектолози на Република Македонија за југоисточниот регион на Република Македонија.

Носител,реализатор и обучувач на голем број проекти и обуки во самостојна реализација и во соработка со други организации од невладиниот сектор.

Обучен е со сите репрезентативни методолошки пристапи и обуки за третман, образование и рехабилитација на деца и лица со попреченост.

Во 2014 година од страна на фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински” и Сојузот на дефектолози на Република Македонија, добитник е на признанието најдобар дефектолог-практичар за посебни достигнувања во дефектолошката пракса во Република Македонија.

Од февруари 2018 година до денес, Советник е на Претседателот на Владата на Република Македонија за образование, здравствена заштита, социјална заштита, институционален систем и спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Македонија.

На 5-ти јуни 2018 година со Решение донесено на седница на Влада на Република Македонија назначен е за претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост,односно Национален координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Мајчин јазик: македонски.
Странски јазик: англиски, грчки.