Договор од Преспа – Упатство за медиумите

Имајќи ја предвид неодамнешната промена на официјалното име на Северна Македонија, доставуваме водич што би се користел при давање опис за нашата земја согласно Договорот од Преспа. Најљубезно молиме да ги употребувате следните термини:

  • Официјалното име на земјата: „Република Северна Македонија”; Кратко име: „Северна Македонија”.
  • Националност (државјанство): Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија
  • Официјален јазик: „Македонски јазик”
  • Кодови за земјата: МК  и МКД
  • Придавката „македонски/o/a” да се употребува кога е поврзано со етнички и културен идентитет за народот,  нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција.

Правилни примери: Македонски етнички идентитет, Македонски јазик, Македонска култура, Македонска територија, Македонски народ, Македонска историја, Македонски планини, Македонска литература, Македонско кирилско писмо, Македонска храна, Македонски цркви итн.

Неправилни примери: Други придавки,  вклучително и „Северно македонски”,  „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат.

  • Придавната форма за државата, нејзините официјални органи и другите јавни институции како и приватните ентитети и актери што се поврзани со државата, воспоставени со закон, и уживаат финансиска поддршка од државата за активности во странство, треба да биде: „на Република Северна Македонија” или „ Северна Македонија”.

Правилни примери  за државата, нејзините официјални органи и останати јавни институции: Влада на Република Северна Македонија, Претседател на Северна Македонија, Министер за надворешни работи на Северна Македонија, Министерот за одбрана на Северна Македонија, Општина Охрид  од Северна Македонија,  Универзитет Св. Кирил и Методиј од Северна Македонија.

Неправилни примери: Други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „Македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат во овие случаи.

  • Придавните форми за активности исто така можат да бидат „македонски/о/а”

Правилни примери: македонска економија, здравствен сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска архитектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија итн.

Неправилни примери: Други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат во овие случаи.