Зоран Маневски – заменик-министер за економија

Зоран Маневски е роден 1957 година во Куманово. 

По образование е дипломиран економист.

Во текот на професионалната кариера е раководител на финансиско-комерцијалниот сектор во ЈП „Водовод“- Куманово. 

Ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за економија.

Работи како помошник-директор во ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово. 

Ја извршува функцијата државен советник во Министерството за транспорт и врски.

Ангажиран е како државен секретар во Министерството за транспорт и врски.

Во два четиригодишни мандати Маневски  е советник во Општина Куманово и член на Комисијата за урбанизам и градежништво во Советот на Општина Куманово. Член е и на

Комисијата за буџет и финансирање во Совет на Општина Куманово.

Од септември 2020 година ја извршува функцијата заменик- министер за економија.

Оженет е, татко на две полнолетни деца.