Беким Реџепи - заменик министер за транспорт и врски

Беким Реџепи е роден на 10 Септември 1977 година во Скопје. Основното образование го завршува во с. Бојане, а средното образование го завршува во Скопје.

Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот ,, Американ Колеџ “ – Скопје, каде се стекнува со звањето дипломиран правник и има положено правосуден испит.

Професионалната кариера ја започнува во 2005 година како советник за правна помош во проект за човекови права финансиран од ОБСЕ.

Од 2007 до 2008 година е избран за советник во Општина Сарај.

Од 2008 до 2009 година е шеф на кабинетот на генералниот директор на ФПИОМ, а во периодот од 2009 до 2010 е извршен директор на АД ,, Енергетика Скопје “ – Скопје.

На 13 Јули 2010 година е именуван за заменик директор во КПУ „ Идризово“ – Скопје.

Во периодот од 28 Декември 2012 година до 28 Декември 2018 година е член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Од 23 Септември 2020 ја извршува функцијата заменик министер за транспорт и врски.

Останати позначајни професионални ангажмани: во 2001 година е ангажиран како практикант во Собранието на Република Северна Македонија преку НВО „ Национал Демократик Институт “.

Во 2004 година учествува на семинар за менаџирање и управување со кризи преку НВО „Нансен дијалог центар “. Во 2004 и 2005 година учествува на семинари за изборниот процес организирани од НВО „ Национал демократик институт “.

Во 2017 година учествува во програмата ,,International Visitor Leadership Program`` во САД.

Говори Албански, Македонски и делумно Англиски јазик.

Оженет, татко на две деца.