Даим Лучи - заменик на министерката која раководи со Министерството за култура

Даим Лучи е роден на 6 декември 1991 година во Скопје. Дипломирал на политички студии на Државниот универзитет во Тетово во 2014 година, а постдипломски студии по дипломатија завршил на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Лучи е експерт од областа на политичките науки со над 7 години работно искуство во невладини организации, а во 2009 година е еден од основачите на Сојузот на албанските студенти.

Тој е основач и главен уредник на месечното списание „Стина Риноре“. Од 2010 до 2012 година бил генерален секретар и директор на Едукативниот центар при Граѓанската асоцијација „Елита клуб“, а во периодот од 2012 до 2014 година основач и прв претседател на Албанскиот студентски сојуз.

Во 2014 година за првпат се појави на политичката сцена во РСМ како еден од основачите на политичката партија „Движење Беса“ (Lëvizja Besa) на функцијата претседател на Младинскиот форум на „Движењето Беса“. Со поделбата на политичката партија „Движење Беса“, во 2018 година се јавува како основач на новиот политички субјект „АлтернАтивА“, каде што во периодот 2018 – 2019 година ја извршува функцијата претседател на Младинскиот форум на „АлтернАтивА“. По локалните избори во 2017 година е именуван  за  советник во Советот на Општина Чаир.

Од 2010 година активно учествува на многу локални и меѓународни обуки и конференции.

Лучи активно зборува шест јазици: албански, македонски, англиски, турски, српски  и хрватски јазик.

Назначен е за заменик-министер во Владата на Република Северна Македонија на 11.2.2022 година.