Графички стандарди на Владата и министерствата
За потребите на стандардизирање на графичкиот дизајн, приказ и брендирање на Владата на Република Северна Македонија, министерствата, како и сите други организации во склоп на министерствата и други органи на државната управа изработена е Книга на графички стандарди. Во прилог ќе можете да се запознаете со Книгата за графички стандарди, како и со сите други детали кои ви се потребни за да можете да почнете веднаш да го користите новиот дизајнерски јазик на Владата.
Графички стилови
Бои
Секое министерство има своја уникатна примарна боја. Таа се користи како детал на логото, на веб-страници, на печатени и дигитални материјали и претставува боја преку која граѓаните лесно ќе можат да препознаат за која институција станува збор.
Институција | HEX боја | Pantone |
---|---|---|
Влада црвена | #AC162C | 187 C |
Влада златна | #BD9E55 | 7562 C |
Министерство за одбрана | #83874E | 5767 C |
Министерство за внатрешни работи | #160F3D | 2765 C |
Министерство за надворешни работи | #010081 | 10294 C |
Министерство за правда | #80151C | 1815 C |
Министерство за труд и социјална политика | #DB4105 | 1665 C |
Министерство за финансии | #660066 | 2607 C |
Министерство за образование и наука | #54A5DB | 7702 C |
Министерство за економија | #66142A | 7421 C |
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | #0E7568 | 3295 C |
Министерство за транспорт и врски | #5A5A5A | 425 C |
Министерство за здравство | #0061AF | 300 C |
Министерство за култура | #F3811F | 158 C |
Министерство за локална самоуправа | #D25459 | 7418 C |
Министерство за животна средина и просторно планирање | #01894B | 7725 C |
Министерство за информатичко општество и администрација | #024760 | 3165 C |
Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците | #ED9E1D | 7564 C |
Типографија
Стоби е официјалниот фонт за употреба на Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите државни органи. Се користи и за кирилични и за латинични текстови.
Напомена: Во наслови и текстови не се користи CAPSLOCK за пишување, ниту пак Underline за истакнување на делови од текстот. Се користи исклучиво само Bold верзијата од приложениот фонт.
[ Преземи фонт ]
Лого на Владата
Примарно лого
Примарна верзија на логото на Владата, за генерална употреба. Логото е составено од стилизирана верзија на Грбот на државата, дополнет со две црвени хоризонтални линии, симетрично поставени лево и десно и типографски потпис.
Дополнителни верзии на логото
Дополнителни верзии на логото на Владата кои можат да се користат. Вертикалната верзија се користи исклучително на врв на страна, најгоре и централно поставена, дополнителни логоа може да се поставуваат лево и десно од логото на Владата или под истото. Хоризонталната верзија се користи со лево порамнување, најчесто прва во колона, во долната третина на дизајнот, други логоа можат да се стават под или кон десно на логото на Владата.
Инверзни верзии
Дозволени инверзни верзии на логото за темни позадини.
Правилно користење на логото
Дозволени верзии за користење на логото и негова апликација врз фотографија.
Неправилно користење на логото
Сите произволни модификации на логото на Владата на Република Северна Македонија се забранети. Логото се аплицира и употребува ИСКЛУЧИВО како што е пропишано во оваа книга.
Правилата пропишани на оваа страница се однесуваат на сите можни верзии на знакот.
Логоа на министерствата
Примарна верзија на логоата на министерствата
Со цел стандардизирање на визуелниот приказ на министерствата, во прилог се примарните логоа на сите министерства. Составени се од стилизирана верзија на Грбот на државата, лево од која се наоѓа името на државата, хоризонтална линија во бојата на министерството и називот на институцијата под линијата.
Дополнителни верзии на логоата на министерствата
Сите верзии на логоата на министерствата - двојазично, еднојазично вертикално и еднојазично хоризонтално. Секое министерство ги има сите верзии.
Двојазичното хоризонтално и еднојазичното вертикално лого се користат исклучиво на врв на страна, највисоко и централно поставени. Еднојазичното хоризонтално лого се користи при прикажување на логото заедно со други логоа на постер или банер, исклучиво лево порамнето и во колона. Ова лого може да се појави десно од хоризонталното лого на Владата, второ во колона.
Грб на Република Северна Македонија
Изгледот на Грбот на Република Северна Македонија е уреден преку Законот за грб. Согласно Член 2, Грбот на Република Македонија претставува поле опкружено со житни класје кои се поврзуваат на врвот, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви. Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река, а зад планината изгрева сонце.
Симбол на логото на Владата
Примарна верзија од симболот, која се користи заедно со текстот на логото, но и како самостоен декоративен елемент на брендирани материјали. Постои полна, линеарна, златна и инверзна верзија од симболот. Линеарна верзија од симболот најчесто се употребува како декоративен елемент во брендинг материјалите (позадина на страници, на папки, плико и слични материјали.
[ Преземи пакет ]