Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 15/09/2026
Врз основа на член 182 и 183 од Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република македонија “ бр. 95/05, 25/07, 7/08, 57/10, 135/11, 13/13, 188/13, 43/14, 15/15, 154/15, 192/15, 23/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/20, 288/21, 53/24 и 3/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.26/2026
за избор на 1 (еден) надворешен комисионер (член) на
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
- Владата на Република Северна Македонија, објавува јавен оглас за избор на 1 (еден) надворешен комисионер (член) на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, кој ќе го избере Собранието на Република Северна Македонија на предлог на Владата на Република Северна Македонија, за остатокот на мандатот на членот на кој му престанува функцијата.
- Комисијата е составена од пет комисионери (членови) од кои еден е претседател.
- Двајца комисионери (членови) професионално ја вршат својата функција во Комисијата, а тројца се надворешни комисионери (членови) на Комисијата кои се ангажираат за вршење на работи во Комисијата, за што им следува месечен надоместок кој го утврдува Комисијата.
- Во однос на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работен однос на претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата се применува Законот за работните односи.
- За надворешен комисионер (член) на Комисијата за хартии од вредност, може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови и тоа:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Да има уверение за завршено високо образование;
- Да е експерт од областа на финансиите и деловното право;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- Да има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
- Да не е член на органи на политичка партија;
- Да не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Северна Македонија;
- Да не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
- Да не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Уверение или диплома за завршено високо образование;
- Потврда дека е експерт од областа на финансиите и деловното право;
- Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право - Преглед евидентиран во Агенциjaта за вработување на Република Северна Македонија или во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија;
- Доказ дека не е член на органи на политичка партија;
- Доказ дека не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Северна Македонија;
- Доказ дека не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
- Доказ дека не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
- Документите од точка 6) треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на еден надворешен комисионер (член) на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија “.
- Со поднесување на пријавата кадидатите се согласуваат нивните лични податоци содржани во пријавата и придружната документација да бидат обработувани исклучиво за целите на спроведување на постапката, а согласно Законот за заштита на личните податоци.
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.