Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен оглас Бр.27/2026 за именување на директор на Државниот инспекторат за земјоделство

Институција која огласува: Влада на Република Северна Македонија

Рок на пријавување: 30/09/2026

Врз основа на член 9-а од Законот за државниот инспекторат за земјоделство („Службен весник на Република македонија бр.20/09, 53/11, 164/13, 43/14, 33/15, 88/15, 149/15, 39/16, 172/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/25) и член 18 став (1), став (3) и став (4) и член 20 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.135/25 и 269/25), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.27/2026
за именување на директор на Државниот инспекторат за земјоделство

  1. Владата на Република Северна Македонија, објавува јавен оглас за именување на директор на Државниот инспекторат за земјоделство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со мандат од четири години. 
  2. За директор на Државниот инспекторат за земјоделство, може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
    1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
    2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    3. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    4. Да има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
    5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на анлиски јазик, и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или сертификат и/или уверение со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски јазик) на најмалку ниво Б2 (В2), од Европската референтна рамка на јазици, издадени од установа или институција во државата или странство, регистрирана како давател на оваа услуга и 
    6. Да поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми. 
  3. За директор на Државниот инспекторат за земјоделство, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата и образецот достапна на следниот линк:
  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас - преземи тука,
    2. Кратка биографија,
    3. Мотивациско писмо,
    4. План и програма за идна работа,
    5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    7. Диплома или уверение за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    8. Доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
    9. Меѓународно признат сертификат или уверенија за активно познавање на анлиски јазик, и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или 
    10. Сертификат и/или уверение со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски јазик) на најмалку ниво Б2 (В2), од Европската референтна рамка на јазици, издадени од установа или институција во државата или странство, регистрирана како давател на оваа услуга и 
    11. Потврда за активно познавање на компјутерски програми. 
  5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот инспекторат за земјоделство“.
  6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  8. Со поднесување на пријавата кадидатите се согласуваат нивните лични податоци содржани во пријавата и придружната документација да бидат обработувани исклучиво за целите на спроведување на постапката, а согласно Законот за заштита на личните податоци.
  9. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 47/26 и 170/26).
  10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  11. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  12. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Мени за пристапност