Адмирим Алити

Функција: 
Министер за информатичко општество и администрација
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Адмирим Алити е докторанд на Е-технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа. Има релевантно искуство како универзитетски професор по информатички предмети, како и менаџерско искуство со управување со бази на податоци и со поддршка и управување со проекти во НВО секторот. 

Во 2006 дипломирал компјутерски науки на Универзитетот на Југоисточна Европа. 

Во 2011 година магистрирал Информациски системи (оддел Информатика) на Универзитетот Лине во Шведска.

Во периодот 2011-2016 бил основач и директор на компанијата „ANT Solutions“ во Скопје каде бил одговорен за соработка со други компании и за организација на компанијата и работниците.

Во периодот 2013-2014 година работел како инженер во „ЕВН Македонија“ каде работел на анализи за потребите на корисниците. 
Од 2016 до 2018 година работел како асистент на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје .

Во периодот од 2018-2020 година бил генерален директор на јавното претпријатие „Националната радиодифузија“ каде се истакнува со добри управувачки и комуникациски способности.
На функцијата министер за информатичко општество и администрација доаѓа од Катедрата за информатика на Универзитетот „Мајка Тереза“.