Арбeр Адеми

Функција: 
Министер за образование и наука
Е-пошта: 
arber.ademi@mon.gov.mk
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Биографија: 

Роден е на 25.09.1985, во Куманово. Доктор на правни науки со докторска дисертација: „Решавање на трговски спорови пред меѓународна трговска арбитража“, реализирана од 2011 до 2015, на Правниот факултет на Универзитет во Тирана - Албанија.

Магистрирал на Правен факултет на Универзитетот во Тетово, со просечна оценка 9,85, каде што ги завршил и додипломските студии.

Од декември во 2017 до мај 2018 година беше Заменик министер за образование и наука.

Пред неговите обврски во Министерството за образование и наука беше доцент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Арбер Адеми бил Заменик Претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања (2016-2017).

Членувал во повеќе комисии и работни групи за правни и законодавни работи.

Учествувал на многубројни научни конференции во земјата и во странство, и како автор потпишал голем број научни статии и публикации од сферата на правото, меѓународно трговско арбитражно право, трговско право, облигационо право, правото на интелектуална сопственост, меѓународно приватно право, право на ЕУ, меѓународно јавно право.