Арјанит Хоџа

Арјанит Хоџа е роден на 18 октомври 1986 година во Ресен.
Во 2008 година дипломира на Факултетот за бизнис администрација при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово.
Во периодот од ноември 2003 до април 2004 година е ангажиран како координатор на проект поддржан од ОБСЕ.
Од октомври 2005 година до септември 2006 година е член на Европскиот младински парламент.
Во 2010 година преку меѓународната програма VLP European Young Leaders престојува во САД.
Од 2009 година е основач и управител на приватна компанија од областа на производството и трговијата.
Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.
Зборува албански, македонски и англиски јазик.
Оженет, татко на три деца.