Благој Бочварски

Функција: 
Министер за транспорт и врски
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Биографија: 

 

Благој Бочварски е роден на 9 јануари 1985 година во Штип. Основното и средното образование го завршува во родниот град.

Дипломира на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Професионалната кариера ја започнува во 2011 година во градежната компанија „Пелагонија-Инженеринг“ - Штип како дипломиран инженер архитект. Во почетокот е ангажиран како  стручен соработник, а потоа добива овластувања за проектирање и изведба на објекти од Комората на овластени инженери и архитекти. 

На парламентарните избори во 2016 година е избран за пратеник во Собранието. Пратеничката функција ја извршува до локалните избори во 2017 година.

Од 3 ноември 2017 година стапи на функцијата градоначалник на Општина Штип. Потоа како градоначалник е избран за член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Во текот на градоначалничкиот мандат е избран за копретседавач на Заедничкиот консултативен комитет на Северна Македонија со Европската Унија. Во рамки на ЗЕЛС е избран за претседател на Комисија за урбанизам.

Од 2019 година ја извршува функцијата претседател на Источниот плански регион. 

По парламентарните избори во 2020 година од 30 август ја извршува функцијата министер за транспорт и врски во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Во 2014 година е избран за Претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, а од 2017 до 2019 ја извршува функцијата потпретседател на СДСМ.

Други позначајни професионални ангажмани: Од 2018 до 2020 год учествува на седум конференции како дел од проектот „Future of Europereload” како градоначалник на Општина Штип заедно со уште шест општини од ЕУ.

Поседува напредни информатички вештини и одлично ги познава програмите Auto Cad и Archi Cad. Има сертификат за користење на програмата 3DS Max.

Зборува англиски јазик.