Бојан Маричиќ

Функција: 
Прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања
Е-пошта: 
cabinet@sep.gov.mk
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Бојан Маричиќ е роден 7 јануари 1983 година во Скопје.

Дипломира во 2006 година на отсекот меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во 2009 година магистрира по меѓународно и европско право на Универзитетот во Амстердам, Кралството Холандија, со целосна стипендија од МТЕК програмата на Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

Во 2011 година магистрира на Современи европски студии на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Обединетото Кралство, со целосна стипендија доделена од Чивнинг програмата на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство.

Професионалната кариера ја започнува 2006 година како демонстратор по Право на ЕУ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Од февруари 2007 до август 2008 година е проектен асистент на проект за приближување на европското законодавство во Секторот за правни и кадровски работи на Министерството за внатрешни работи.

Од септември 2009 до септември 2010 година работи како проектен координатор и аналитичар во правната програма, програмата за јавна администрација и ЕУ програмите во Фондацијата отворено општество – Македонија.

Од септември 2011 до ноември 2013 година е ангажиран како виш истражувач за правни и политички прашања во Евротинк – Центар за европски стратегии, водечка граѓанска организација за истражување, обуки и мониторинг на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ.

Маричиќ е истражувачки асистент на Фулбрајт проект на професорот Кит Браун од Браун Универзитет, САД во периодот од  октомври 2012 до октомври 2013 година.
Функцијата извршен директор на Евротинк ја извршува од ноември 2013 до јуни 2017 година.

Во периодот од јуни 2017 до јануари 2020 година е посебен советник за евроатлантски интеграции на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Од јули 2017 година е национален шерпас за Берлински процес, а од јули 2018 година е заменик на главниот политички преговарач, главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија. 

Маричиќ од јануари 2020 година е национален координатор за интеграција во Европската Унија, Берлински процес и регионална соработка.

Од 30 август 2020 година ја извршуваше функцијата министер за правда во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Од 16 јануари 2022 ја извршува функцијата заменик на Претседателот на Владата за европски прашања.

Автор е на преку 20 академски и аналитички публикации во областа на ЕУ интеграциите на Северна Македонија и Западен Балкан во ЕУ. 

Маричиќ има долгогодишно предавачко искуство на обуки, академски предавања за ЕУ прашања, јавно говорење, аргументација и дебата и формулирање на јавни политики и застапување.

Реализирал голем број на консултантски услуги за проектен циклус, пишување проектни апликации; менаџирање на промени, реформи, стратешко планирање, застапување и лобирање и комуникациски стратегии на граѓански организации и јавни институции.

Како и долгогодишно искуство за анализи и истражувања за меѓународни организации и домашни политички и граѓански фактори.