Елвин Хасан

Функција: 
Министер без ресор задолжен за странски инвестиции
Е-пошта: 
elvin.hasan@gs.gov.mk
Фејсбук страница: 
Инстаграм профил: 
Биографија: 

Веб-страница на министерот: www.msi.gov.mk
Јавен телефон на министерот: 02 3220 095

Листа на сите вработени во кабинетот
Селма Мехмед - шеф на кабинет Е-пошта: selma.mehmed@gs.gov.mk
тел: 023220095
 Абдулбахри Исмаили - советник Е-пошта: abdulbahri.ismaili@gs.gov.mk
тел: 023220095
Семра Вејселоска -  советник за односи со јавност Е-пошта: semra.vejseloska@gs.gov.mk
тел: 023220095
Катерина Димовска Луканоска - државен советник за економски политики Е-пошта: katerina.dimovska@gs.gov.mk
тел: 023220095
Дебора Лакордова - помошник раководител на сектор Е-пошта: debora.lakordova@gs.gov.mk
тел: 023220095
Верда Фазлиова - помлад соработник Е-пошта: verda.fazliova@gs.gov.mk
тел: 023220095
Александра Китановска - самостоен референт Е-пошта: Aleksandra.Kitanovsk@gs.gov.mk
тел: 023220095

 

Д-р Елвин Хасан е роден на 10.04.1985 во Штип. Од најраната возраст е активно вклучен во општествените текови и политичките случувања во земјата, преку невладиниот сектор и Партијата за движење на Турците во Република Македонија. Основното и средното образование го завршил во Радовиш, по што дипломирал на Факултетот за образовни науки при УГД во Штип. Магистрирал и докторирал на Институт за педагогија при УКИМ, при што се фокусирал на менаџментот во образованието. Завршил постдокторски студии на, Институт за образовни науки (Управување со образованието и јавни политики) на државниот универзитет во Анкара, Република Турција во 2016 г. На позицијата министер доаѓа од Државниот испитен центар каде бил заменик директор.

Во периодот од 2011 до 2013 бил потпретседател на невладината организација „УФУК“, од 2013 до 2016 е секретар, а од 2016 до 2018 и претседател на истата, при што работел на различни проекти, пред се на етаблирање на врските со институции, невладини организации и стопански комори од Република Турција, Балканот и земјите на турската дијаспора.

Од 2012 до 2014 бил главен и одговорен уредник на списанието „Уфук на македонски јазик“, а од 2014 до 2015 бил главен и одговорен уредник на списанието „Уфук Дергиси“ на турски јазик кое е од меѓународен карактер. Од 2016-та година е главен и одговорен уредник на порталот и е-списание „Хабер Македонија“.

Во сферата на образованието, работел како одделенски наставник на турски јазик, бил асистент на групата на турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип а бил ангажиран и на Педагошкиот факултет „Климент Охридски“ во Скопје како и на Меѓународен Универзитет Визион во Гостивар. Член е на Партијата за движење на Турците ТХП, постојан партнер на социјалдемократите. Бил дел од централното раководство на ТХП од 2017 избран е за потпретседател на партијата од 03.02.2019 година.