Фатмир Битиќи

Функција: 
Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции
Е-пошта: 
Info_zpvrsm@gs.gov.mk 
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Фатмир Битиќи е роден на 26.10.1975 година. Дипломирал  бизнис aдминистрација, насока бизнис менаџмент на Универзитетот во Тирана, Албанија (1994 – 1999г.).

Битиќи е интернационален експерт од областа на менаџирањето со економски процеси и реформи со преку 20 години работно искуство во над 100 различни програми и проекти со цел развој на сектори, државни институции, стопански комори и компании.

Има спроведено преку 500 обуки во земјите од Западен Балкан и досега бил професионално ангажиран како консултант и советник во повеќе влади, министерства и институции од регионот.
 
Од 2008 година активно е вклучен како експерт за пристап и раководење со ЕУ фондови и важи за еден од водечките професионалци за оваа област во регионот.

Негова тесна специјалност е стратешко планирање и менаџирање со развојни, економски и бизнис програми и важи за одличен познавач на бизнис приликите со долгогодишно искуство во реалниот сектор како претприемач, консултант и извршен менаџер.

Автор е на повеќе стратегии, предлог-закони, прирачници и упатства од областа на финансиите, економијата и развојот на бизнисот.

Во aприл 2018г. е ангажиран како посебен советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за спроведување на истражувања и анализи за политики, стратегии и теми поврзани со економијата како и подготовка на професионални мислења, коментари и препораки. Член е на Економскиот совет на Владата и дел од Советот за економски реформи и одржлив развој, одговорен за подобрување на политиките во деловното окружување.

Од август 2019 ја извршувал функцијата претседател на Комисијата за финансии во СДСМ.

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Битиќи активно зборува пет јазици: македонски, албански, англиски, германски и српски/хрватски.