Горан Милевски

Функција: 
Министер за локална самоуправа
Е-пошта: 
minister@mls.gov.mk
Фотографија: 
Биографија: 

 

Горан Милевски е роден на 1 ноември 1978 година во Битола. Основното и средното образование ги завршува во родниот град. 

Дипломира на Економски факултет – Прилеп во насоката по меѓународна економија, а на истиот факултет магистрира по бизнис администрација МБА – менаџмент.

Во моментот е на докторски студии од областа на маркетинг на Економскиот факултет – Прилеп.

Професионалниот ангажман го започнува во 2004 година како професор по економски предмети во Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ – Битола.
Од 2005 до 2009 година е избран за советник во Советот на Општина Битола, при што учествува во  Комисијата за урбанизам и заштита на животната средина и  Комисијата за спомен обележја.

Во периодот од 2009 до 2013 година втор пат е избран за советник во Советот на Општина Битола, а во овој мандат членува во Комисијата за урбанизам и Комисија за заштита на животната средина. 

Во периодот од 2014 до 2016 година е избран за пратеник во Собранието, а членува во Комисијата за  Буџетски совет на Собранието, Комисијата за финансирање и буџет, Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за образование, наука и спорт. 

Милевски во овој пратенички мандат е претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Украина, како и член на Пратеничките групи на Собранието за соработка со Парламентите на Р. Исланд и Кралството Норвешка и Парламентот на Канада.

Во 2016 година втор пат е избран за пратеник во Собранието, при што членува во Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за финансирање, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за здравство.

Претседател е на Комисијата за економски прашања и копретседател на мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација МК – ЕУ.

Воедно е претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со  Парламентот на Кралството Данска, како и член на пратеничките групи за соработка на Парламентот на Кралството Белгија, Парламентот на Канада, Парламентот на Големото Војводство Луксембург и со Парламентот на Кралството Холандија.

Во јуни 2019 година избран за министер за локална самоуправа во првиот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

На 3 јануари 2020 година е избран за министер за локална самоуправа  во преодната Влада на Република Северна Македонија, функција која ја извршуваше до 30 август 2020 година. 

Од 30 август 2020 година повторно ја извршува функцијата министер за локална самоуправа во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.