Ирена Стефоска

Функција: 
Министерка за култура
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Биографија: 

 

Ирена Стефоска, е родена на 16 септември 1967 година во Скопје. Во 1991 година дипломирала на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Магистрирала на Централноевропскиот Универзитет во Будимпешта (1994г.), и на Филозофскиот факултет во Белград (2001г.). 

Докторирала на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје (2007 г.). Добитник е на Фулбрајтовата стипендија, професор истражувач на Универзитетот Браун во САД (2009/2010г.), и на стипендијата на Фондацијата Роберт Бош, на програмата „Historical Dialogue and Accountability“ на Универзитетот Колумбија (зимски семестар 2012 г.).  Алумна е на „Георг Екарт Институтот“ во Брауншвајг, Германија, водечка институција во светот за истражување на учебници по историја, географија и мајчин јазик. 

 Стефоска е член на меѓународната мрежа „Aliance for Historical Dialogue and Accountability“, при Институтот за човекови права на Универзитетот Колумбија во Њујорк од 2012 година.  Таа е носител и учесник во меѓународни и национални проекти и публикации поврзани со феноменот на нациите и национализмите на Балканот, со историските и политичките митови на Балканот, со наставата по историја и културите во регионот, а во насока на педагогија и култура на мирот. Остварила истражувачки претстои, и предавања на еминентни универзитети во Европа и САД, меѓу кои на Хумболтовиот универзитет во Берлин, на Универзитетот во Чикаго, на Универзитетот Урбана-Илиноис, на Универзитетот Колумбија во Њујорк, во Центарот Вудро Вилсон во Вашингон, на универзитетите во Регенсбург, Грац, Белград, Софија и др.  

Како долгогодишен граѓански активист во повеќе области, била член на: Советодавниот комитет за култура при „Фондацијата Отворено Општество – Македонија“, член на Управниот одбор на швајцарската фондација за култура „Про Хелвеција“, член на Управниот одбор на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права и долгогодишен член на aкадемскиот Комитет на историчари од Балканот при „Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа“, во Солун. Таа е една од основачите на академската група „Vox Academica“ и на граѓанската иницијатива „Ајде“.

Била пратеник во Собранието на Република Северна Македонија (2016-2020г.), каде претседавала со Комисијата за култура, и со групата за соработка со грчкиот парламент. До стапувањето на должноста Министерска за култура, работи како редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот, „Свети Кирил и Методиј“, Скопје. 

Течно зборува англиски, српски, хрватски и бугарски јазик, се служи со грчки јазик и има пасивно познавање на францускиот јазик.

Мандатно писмо на Ирена Стефоска