Јована Тренчевска

Јована Тренчевска е родена во Струмица.
Дипломира социологија во 1994 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 2012 година станува магистер по социолошки науки на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет, Институт за социологија.
Од 1992-2000 работи во „Семико,“ ДООЕЛ Струмица.
Од 2000 до 2003 e координаторка на ресурсен центар за унапредување на родовата еднаквост, Организација на жени Струмица, програма на Македонски центар за меѓународна соработка.
Од 2003 до 2018 е советничка за родова еднаквост во Секторот за еднакви можности во Министерство за труд и социјална политика.
Во 2018-2020 е раководителка на одделение за родова еднаквост во Сектор за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика, а од истата година до 2020 е државна секретарка во истото Министерство.
Од 2020 работи во Државниот инспекторат за труд, каде до 2021 е ВД директорка, а од истата година до изборот за министерка за труд и социјална политика, на почетокот на 2022 година е директорка на Инспекторатот.
Има посетувано повеќе обуки и како член учествува во десетици работни групи за подготовка на повеќе законски решенија од областа на Министерството кое го води и е автор и коавтор на повеќе публикации и анализи од оваа област.
Одлично го познава англискиот јазик.