Мила Царовска

Функција: 
Министерка за образование и наука
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

 

Мила Царовска е родена на 6 мај 1984 година во Скопје.

Дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за социјална работа и социјална политика.

Професионалната кариера ја започнува во 2005 година и се стекнува со повеќегодишно искуство од областа на социјалната работа, меѓу кои и како фасилитатор во драмски работилници со деца сместени во институции, фасилитирање на едукативни работилници, СОС оператор и супервизор за консултации за корисници на дрога и нивните семејства, како и соработник на институциите за лечење на корисници на дрога, социјален работник на терен, советник за пред/пост тест за ХИВ/СИДА и истражувач на терен.

Како докажан професионалец во својата област на делување, Царовска професионалната кариера и наобразба ги гради низ годините на бројни работни позиции и искуства кои вклучуваат директна комуникација со општествено ранливи и социјално загрозени категории на граѓани. Нејзиното менаџерско учество во десетици проекти од сферите на социјалната политика, опфаќаат различни категории граѓани како Роми, млади, зависници и покрива теми како што се домашното насилство, сексуални права, образование на ранливите групи итн.

Поради своето богато работно искуство, Царовска е ангажирана во дванаесетина  домашни и меѓународни организации како експерт од својата област.

Царовска поради својата посветеност на  социјалната работа се здобива и со повеќе од 24 сертификати од домашни и меѓународни институции, како доказ за нејзината посветеност и преданост на проблематиката од социјалната сфера.

Во периодот од 12 декември 2015 година до 19 мај 2016 година ја извршува функцијата посебен советник во Министерството за труд и социјала. 

Од 1 јуни 2017 година до 3 јануари 2020 година  ја извршува функцијата министерка за труд и социјална политика во првиот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

На 3 јануари 2020 година е избрана за заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори  во преодната Влада, функција која ја извршува до 30 август 2020 година. 

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министерка за образование и наука во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Зборува англиски јазик.