Никола Тупанчески

Функција: 
Министер за правда
Е-пошта: 
cabinet@mjustice.gov.mk
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Проф. д-р Никола Тупанчески е роден во 1961 година во Охрид. 

Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1986 година каде што и магистрира во 1995 година. 

Со научен степен-доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва, Руска Федерација во 2002 година.

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје работи од 1988 година, редовен професор е од 2012 година, додека од 2013 година е раководител на Институтот за казнено право.

Во периодот од 2001 до 2006 година бил претставник на Република Македонија во ГРЕКО. 

Во периодот од 2009 до 2013 година бил продекан за меѓународна соработка, а бил и раководител на Институтот за казнено право и раководител на Колегиумот на мастер студиите по казнено право на Факултетот. 

Автор е на повеќе печатени научни трудови, меѓу кои „Казненоправната заштита на правата од интелектуална сопственост“, „Прекршочната vis-à-vis казненоправната одговорност на правните лица во РМ“.

Учествува во повеќе научно-истражувачки национални и меѓународни проекти меѓу кои: Анализа на практичната примена на Законот за одредување на видот и одмерување на казната, Национална конвенција за ЕУ во РМ, поглавје 23. 

Дел е и од повеќе печатени научно-истражувачки трудови или публикации објавени во меѓународни списанија.

Активно говори англиски и руски јазик.