Радмила Шекеринска

Функција: 
Заменичка на Претседателот на Владата и Министерка за одбрана
Е-пошта: 
kabinetMO@mod.gov.mk
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Биографија: 

Родена е на 10 јуни 1972 година, во Скопје.

Магистрира на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година и се стекнува со називот Магистер по меѓународни односи. Дипломирала на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1995 година. На почетокот на својата работна кариера од 1997 до 2002 година работи како асистент на Електротехничкиот факултет.

На 31 мај 2017 година е избрана за Министер за одбрана на Република Северна Македонија. На првата седница на Владата, на 5 јуни 2017 е избрана и за Потпретседател во Владата на Република Северна Македонија.

Претставник на граѓаните на Република Северна Македонија во законодавниот дом во рок од четири мандати мандати. Раководител со Националниот совет за европски интегации од  основањето во 2008  до 2014.

Во 2009 и 2012 е избрана за Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарни избори во Киргистан и во Ерменија.

Во 2008 година беше избрана за еден од потпретседателите на Социјалистичката интернационала (СИ), функција што ја обавуваше до 2011 година. Член е на Претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа.

Во 2002 година до 2006 година е Заменик претседател на Владата, задолжен за европска интегација и координатор за странска помош. Во тоа својство ја подготви кандидатурата на нашата држава за членство во Европската унија и го раководеше процесот на внатрешни подготовки за обезбедување на кандидатскиот статус. Во тоа време, државата го доби статусот на земја кандидат за членство во Европската унија.

На 5 ноември 2006 година е избрана за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Република Македонија до 2008 година. Со тоа станува единствената жена која досега раководела со една од големите политички партии во Република Северна Македонија.

Шекеринска е добитник на наградата Млад глобален лидер, која ја доделува Светскиот економски форум. Наградата беше доделена за нејзиниот ангажман и посветеност на полето на европските интеграции на Западниот Балкан.

Членува на групата Munich Young Leaders формирана во рамките на Минхенската конференција за безбедност (Munich Security Conference). Беше членка на Европскиот Стратешки Форум, на Советодавниот одбор на проектот Schengen White List  и на Советот на Institute for Cultural Diplomacy.