Садула Дураки

Функција: 
Заменик на Претседателот на Владата и Министер за политички систем и односи меѓу заедниците
Фејсбук страница: 
Биографија: 

Садула Дураки е роден на 21 jануари, 1960 година во Куманово, Република Северна Македонија. Дипломирал на Техничкиот факултет во Приштина, машинска насока, каде и ја добил титулата инжењер по машинство.

Своето работно искуство го почнал во 1995 година како професор на средното економско училиште „Перо Наков“ во Куманово. Истата година, предавал и во средното техничкото училиште „Киро Бурназ“ во Куманово. Во 2000 година е именуван за директор во Царинската управа на Република Македонија, а функцијата ја обавувал  до 2002г. Во 2002 година е именуван за заменик директор на Царинска управа на Република Македонија. Во 2004 година е именуван Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во 2006 бил избран за пратеник на Собранието на Република Македонија. Во 2008 е именуван за директор на Агенцијата за развој и инвестиции и функцијата како директор ја вршел до 2009 година, кога бил избран за градоначалник на Општина Липково. Тој бил градоначалник на Општина Липково и по победата на локалните избори во 2013 година. Во 2017 е именуван за Министер за животна средина и просторно планирање.

Садула Дураки е женет, татко на едно девојче. Зборува албански јазик (мајчин јазик) и делумно македонски и германски јазик.