Славица Грковска

Функција: 
Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење
Е-пошта: 
Cabinet.Grkovska@gs.gov.mk
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Славица Грковска е родена на 27 јули 1970 година во Скопје. Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Магистер е по математички науки. 

Во периодот 1995-2002 година работела како помлад асистент по математика на Институтот за математика при Природно - математичкиот факултет, Институт за математика.

Од 2002 до 2011 година била пратеничка во Собранието на Република Македонија. 

Како пратеничка била претседател на Комисијата за образование, наука и спорт, член на Комитетот за надворешна политика и заменик член на Комитетот за европски прашања. Била и заменик претседател на мешовитиот парламентарен комитет во ЕУ - Република Македонија.

Од 2013-2014 работела како главен административен директор дополнително одговорен за човечки ресурси и правни прашања во компанијата за информациски технологии „EIN-SOF LLC“. 

Од март 2015 година работи како менаџер за човечки ресурси во ИТ компанијата „VOX Teneo Macedonia DOO“. Во периодот 2008-2021 година работи како шеф на одделот за човечки ресурси за Белгија, Индонезија и Северна Македонија во оваа компанија.

Од мај 2021 година до нејзиниот назначување за вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење во Владата на Република Северна Македонија, работела како главен системски аналитичар во Секторот за информатичка технологија, оддел за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи.

 

Транспарентност: Информации од јавен карактер