Славјанка Петровска

Славјанка Петровска е родена на 11 јануари 1982 година во Скопје, каде завршува основно и средно училиште.
Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од 2003 до 2006 година работи во Секретаријатот за европски прашања.
Од 2006 до 2008 година работи во Собранието, во Секторот за меѓународна соработка, а од 2008 до 2015 година работи во Секторот за поддршка на Националниот совет за евроинтеграции.
Од декември 2015 до мај 2016 и од септември до декември 2016 година е дел од кабинетот на Министерот за внатрешни работи, а од јуни 2017 година шеф на кабинетот на истиот Министер.
Во тој период е и потпретседател на двете работни групи задолжени за спроведување на реформите во безбедносно-разузнавачките служби и системот за следење на комуникациите.
На 3 јануари 2020, од Собранието на Република Северна Македонија е избрана за дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи, во Владата која ги организираше и спроведе Предвремените парламентарни избори, кои се одржаа во јули 2020.
Во периодот од 2020 година до стапувањето на функцијата министерка за одбрана е пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија и член на Законодавно – правната комисија, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следењето на комуникациите и Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
Во моментов е магистранд по управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Одлично го говори англискиот јазик и има познавања од италијански и руски јазик.