Венко Филипче

Функција: 
Министер за здравство
Е-пошта: 
kabinet.minister@zdravstvo.gov.mk
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

 

Венко Филипче  е роден на 13 јуни 1977 година во Скопје. 

Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, а во 2008 година ја завршил специјализацијата по неврохирургија.

Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација во 2015 година.

Во 2004 година е избран за асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 2017 година е доцент на истиот факултет.

Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.

Филипче е  секретар на Македонското неврохируршко здружение како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа, а во 2016 година бил организатор на Македонско-јапонската невроваскуларна конференција.

Во 2012 година завршува fellowship по интервентна неврорадиологија со што станува првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје.

Автор е на повеќе публикации објавени во домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.

Во периодот од јуни до декември 2017 година ја извршува функцијата надворешен соработник истакнат експерт од областа на здравството на претседателот на Владата.

Функцијата министер за здравство ја извршува од декември 2017 година до јануари 2020 година во првиот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. 

На 3 јануари 2020 година е избран за министер за здравство во преодната Влада на Република Северна Македонија, функција која ја извршува до 30 август 2020 година. 

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министер за здравство во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Мандатно писмо на Венко Филипче