Груевски: Индиските компании покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија
При неодамнешната посета на Индија компаниите покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија. Имавме многу средби со компании кои истакнаа дека за нив привлечна е добрата бизнис клима, растот на економијата, образованата компетитивна сила беше привлечна за индиските бизнисмени и компании.
Ова го истакнува премиерот Никола Груевски во вечерашното интервју во емисијата на Јанко „Јади Бурек“.
- Мојот фокус е економијата. А многу од нивните луѓе не споредуваа во однос на посветеноста на Владата кон развојот на економијата. Индија е во сериозен раст и е економија која се отвора кон светот. Има комплетно нова политика. Привлекување компании и помагање за отворање нови проиводства. Влада која е фокусирана комплетно на економијата. Очекуваат раст од 6 проценти и очекуваат и наредната година растот да биде уште поголем, истакна премиерот.
Тој додаде дека неколку компании покажале интерес за влез во Македонија и истакна дека Владата ќе продолжи да таргетира компании кои планираат да излезат надвор од Индија. - Има компании кои може да произведуваат само во Индија, но има и компании кои поради разни работи не можат да произведат во Индија и им е потребна друга локација. Ние ги таргетираме таквите компании, потеницра премиерот.