Министерот Попоски во посета на европските институции во Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска и утре, ќе оствари посета на европските институции во Брисел, при што ќе реализира средби во Европскиот Парламент и Европската комисија во функција на продолжувањето на европската и евро-атлантската интеграција на Македонија.

Како што информираат од МНР, министерот Попоски ќе настапи и во Центарот за европски политики во Брисел при што ќе зборува за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, во контекст на неодамна објавената пресуда од страна на Меѓународниот суд на правдата.

Пред претставници на дипломатскиот кор, на европските институции и на медиумите, во влијателниот бриселски тинк-тенк ќе бидат изложени очекувањата на Република Македонија во евро-атлантската и европската интеграција по објавување на пресудата на Судот во Хаг, а истовремено ќе биде направен и осврт на реформските активности на Македонија на патот кон членството во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ.