Министерката за образование ги почна консултациите за реформите во високото образование

Министерката за образование и наука Рената Тренеска-Дескоска ги почна консултациите за најавените реформи во високото обрзование. Денеска таа имаше средба со претставници на Студентскот пленум на која е разговарано за вклучување на нивни претставници во работната група која ќе работи на подготовка на Законот за високо образование.

Покрена една масовна организација на студенти коишто јавно, јасно и прецизно го кажаа нивниот став околу штетните измени на Законот за високо образование коишто беа усвоени од претходната власт и како резултат на нивниот јасно искажан став одредбите коишто беа донесени беа неколку пати одложени, пролонгирана нивната примена.

- Уште во мојот прв настап најавив дека ќе следат сериозни реформи во високото образование и затоа мојата првенствена цел беше да се консултирам најпрво со оние кои автентично го претставија револтот на студентите за тие измени. Денеска разговаравме околу вклучување на претставници на Студентскиот пленум во работната група која што ќе ги подготвува измените за Законот за високо образование и во која ќе биде отворена можноста за изворно истакнување на ставовите на студентите што ќе бидат земени предвид, изјави министерката по средбата.

како што информира разговарано е околу принципите за студентското организирање, околу начинот на студирање, потоа отворено е прашањето околу студентскиот стандард,  бидејќи, како што рече министерката, и тој Закон ќе треба да подлежи на процес на ревизија од страна на студентите, но и од страна на стручната јавност со цел да најдеме најдобро решение кое што ќе значи подобрување на студентскиот стандард во Република Македонија.

Посочувајќи дека сака даотвори еден процес на експертска дебата и на дебата на оние што се засегнати од овој Закон, најави дека во наредните неколку денови ќе направи консултации и со други засегнати страни и лица кои ќе бидат вклучени во изготвување на Законот за високо образование.

Деа Здравковска од Студентскиот пленум по средбата истакна дека денеска по три години борба конечно е остварена средба во Министерството за образование и нука.

- . Идејата на овој состанок беше да направиме некоја ретроспектива на последните три години што се имаше случено во високото образование и како најголем проблем што најмногу нас не засега е студентското организирање. Тој проблем ние го начнавме уште пред некоја година, меѓутоа сега мислам дека сме конечно блиску до решавање на тој процес, рече Здравковска.

Додаде дека како Студентски пленум сакаат да продолжат да работат отворено, транспарентно и јавно. - Ќе ја мотивираме и самата министерка да работи во тој процес, но сакам да потсетам дека Студентскиот пленум не се формираше за да ја турне претходната власт, туку да ја критикува секоја онаа што носи непросмислени и лоши реформи коишто немаат позадина во областа на образованието и затоа ја потсетуваме новата министерка дека ние сме тука кога ќе направи некој лош чекор, рече Здравковска.

Одгововарајќи на новинарско прашање таа потенцира дека има многу проблеми во високот образование, и оти Студентскиот парламент сега не е најголем проблем.

Во врска со ревидирање на учебниците, вклучувајќи ги и оние по историја, министерката рече дека уште на првиот ден од манадатот најавила оти ќе бидат ревидирани наставните програми и учебници и тоа не само по историја, туку по сите предмети. - Ревизијата на сите учебници ќе биде дел од еден процес што ќе биде дебатиран на експертско ниво. Јас во моментов во Министерството имам добиено преставка од Народниот правобранител за учебник по општество којшто содржи дискриминаторски одредби. Со оглед на тоа што јавноста честопати беше соочена со примери на учебници во коишто имаме погрешни констатации, каде што има говор на омраза, каде што има дискриминаторски ставови и предрасуди значи сите учебници ќе бидат отворени на процес на ревизија во целокупното образование со цел да се отстранат грешките коишто учениците ги учат, посочи министерката и информира дека за овој случај е формирана работна група во Министерството.

Според неа не смее да се дозволи учениците да учат од погрешни учебници или учебници, како што рече, што ги полнат со предрасуди, со дискриминаторски предрасуди, со говор на омраза, мислам дека тука треба да се направи сериозна реформа.

Таа додаде дека од Друштвото на писатели е пристигнат и иницијатива за ревидирање на списокот на лектири и смета дека тоа треба да се направи во рамки на процесот на ревидирање на учебниците.

Во однос на уписите во средните училишта, министерката рече дека ќе се врши според објавениот конкурс од претходниот министер иако од некои училишта имало забелешки на програмите.

- Учениците имаат можност да се запишуваат според програмите што се објавени, изјави Тренеска-Десковска и додаде дека е направена корекцијата само во делот на екстерното тестирање кое е укинато и нема да се земат предвид поените од екстерното.

Посочи дека ќе продолжи проектот за бесплатни учебници, бидејќи основното и средното образование е задолжително и таа програма треба да продолжи.