Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев го честита приемот на Нотарската комора на Македонија во Советот на нотаријатите на Европската унија

Претседателот на Владата, господинот Зоран Заев, од име на Владата и од свое име на Нотарската комора на Република Македонија, како и на претседателот на комората г-дин Васил Кузманоски им го честита приемот во Советот на нотаријатите на Европската унија (CNUE).

Советот на нотаријатите едногласно ја одобри апликацијата на Нотарската комора на Република Македонија на  Генералното собрание кое се одржа во Шпанија на 16 и 17 јуни годинава.

Со ова македонската нотарска комора се здоби со статус на набљудувач во CNUE.

Нотарската комора на Македонија исто така е член и на Меѓународната унија на нотаријатите (UNIL).