Информација за пожарите во Р. Македонија и состојбa до 16:30 ч.

Југозападен плански регион

Пожарот е сè уште активен на ЛУТОЕЦ - во атарот на с. Растеш кај м.в. ЈАСИКОЕЦ и од другата страна на с. Растеш према населеното место ЗАГРАД. Во моментов ангажирани се следните сили и средства: за пожарот во атар на с. Требовље: припадници на АРМ;  2 хеликоптери еден од АРМ и 1 од соседна Бугарија; БППЗ – Скопје; месно население од с. Растеш и доброволци од Тетово; ЈП Македонски шуми Мак. Брод; Вработени на ЈП Македонски Шуми Мак. Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во с. Девич, кој е ставен под контрола.

Пелагониски плански регион

Пожарот во атарот на с. Подвис кон с. Локвени е сеуште активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума. Попладнето пожарот во делот кон с. Локвени е локализиран, но се префрла по ридот накај селата Алданци и Норово. На терен се екипи на ТППЕ Крушево, ЈП „Липа“, ДЗС Битола, ТППЕ Кривогаштани, и интензивно се работи на негово гаснење.

Пријавен е пожар на нискостеблеста дабова деградирана шума во атарот на с. Житоше. На терен се вработени од ЈП „Липа“. Пожарот е делумно локализиран. Екипата е сеуште на терен и работи на целосно изгаснување на истиот.

Тетовско-полошки плански регион

Во пожарот кај с. Корито, кој од лева страна односно од селата Гургурница и Порече се движи кон с. Корито, гори сува трева. За гасењето на пожарот испратена е екипа на „Македонски Шуми" Гостивар, а месното население веќе дејствува.

„Македонски шуми“ Тетово интервенираат на опожарена нискостеблеста шума и сува трева над с.Копанце - опш. Јегуновце. Се работи за пожар кој пред 4 дена беше активен од страната на селата Радуша и Дворце од скопскиот регион.  Направен пресек за пожарот да не се спушти надолу кон селото каде што има и мала шума. Засега нема опасност од проширување и опожарување на шумата.

Северен (скопски) плански регион

Во поладневните часови појавен е пожар на мешана шума од левата страна на браната Матка, на непристапен терен. Пожарот се шири кон браната Матка и кон планината Водно. Околу 15:30 часот добиена е информација дека пожарот се префлил и на десната страна од браната и се шири кон с. Шишево. Неколку екипи на БППЗ на Град Скопје се испратени на теренот. 

Пожарот кај с. Студеничани е сеуште активен.

Источен плански регион

Пожарот во атарот на с. Видовиште, кој се движеше во правец на манастирот Св. Петка  денес околу 12:00 часот е локализиран. На терен се останати екипи од ТППЕ и ШС Осогово. Состојбата се следи.

 

Одделение за односи со јавноста

Центар за управување со кризи на РМ