ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА за пожарите во Р. Македонија и состојба до 14:00 часот

РЦУК – Скопје, известува дека има пожар кај с. Орешани, кој бил кај с. Моране и се префрли во атар на с. Орешани (опш. Зелениково). Во 13:00 часот од БППЗ на град Скопје ги известиле дека имаат 2 екипи на терен и по нивни информации има зафатено и борова шума;

Во 13:05 часот, контактирано со одговорно лице од ЕЛС Зелениково кое ги известило дека биле на пожарот на увид околу 12:00 часот и дека по негово сознание тогаш горела нискостеблеста шума, но ако се прошири кон реката и над викенд населбата Орешани може да навлезе во високостеблеста борова шума: Инаку на овој пожар по негови зборови учествувал во гасење и еден хеликоптер;

РЦУК Кисела Вода известиле дека во 12:55 часот стапиле во контакт со ДЗС за Град Скопје, од каде добиле информација дека ќе формираат екипа за гасење на пожарот;

РЦУК Скопје контактирале со одговорното лице од ШС Караџица кое известило дека има сознанија за пожарот и дека чека подетални информации од екипи кои би требало да се на лице место.

Во општина Сарај, според известувањето од одговорното лице од ЕЛС Сарај, на подрачјето во правец од с. Бојане кон с. Желино моментално гори сува трева и нискостеблести растенија. ПП екипи се на терен. Моментално нема потреба од воздушна интервенција, но доколку пожарот се прошири до Желино тогаш возможно е пожарот да да ги зафати и зимзелените и дабови растенија.

- Пожарот кај браната Матка според одговорното лице од ЈП Паркови и Зелнило е изгаснат и на терен е оставена eкипа од 7 луѓе да дежураат. Зафатена била нискостеблеста шума (опш. Сарај);

- Пожарот кај с. Барово е изгаснат по навремена интервенција со екипа од 8 луѓе на ЈП Паркови и Зеленило. Се работело за нискостеблеста шума на површина од 100 м2 (опш. Сопиште).

РЦУК – Македонски Брод, известува дека пожарот во атарот на с. Требовље и с. Растеш сè уште е активен, и во гаснење на истиот ангажирани се следните сили и средства:

- 60 лица од АРМ за пожар во с. Требовље и дел од атар на с. Растеш;

- Во последните два часа не се интервенира од воздух;

- 3 лица од месно население од с. Растеш и 1 лице од с. Заграда и околу 20 доброволци од Кичево, Прилеп и Скопје;

- 5 лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во с. Растеш и истите превземаат активности за локализирање на пожарот како не би се приближил до куќите и шталите со стока кои се во подножјето на с. Растеш, како и спречување на пожарот во м.в. КОРИТСКИ ДОЛ.

На пожарот во с. Девич ангажирани се 5 лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод и пожарот го контролираат и горните куќи од с. Девич не се загрозени, но пожарот е под контрола и со намален интензитет на м.в. ПОПЕЦ.

Во моментов имаат нов пожар во атарот на с. Могилец и упатено е 1 ПП возило со 2 пожарникари од ТППЕ Македонски Брод;

Пожарот во атар на с. Близанско м.в. БРДО и м.в. КРУША повторно се активира и истиот се движи кон м.в. ФОЈНИК и постои опасност да бидат загрозени предавателите и истиот доколку не се стави под контрола постои опасност да префрли на атарот на с. Брест.

Пожарот од атарот на с. Растеш се прошири на атарот на с. Волче и постои опасност од опожарување на селото;

Во врска со горе споменатите пожари нема ангажирано сили и средства од ДЗС.

Поради високите температури, присуството на ветар и недоволниот број на сили состојбата е алармантна.

На пожарот во с. Слатина нема ангажирано лица бидеќи истиот е со намален интензитет и на поедини места горат ниско стеблести дрва.

РЦУК – Битола,  ја пренесува информацијата од ШС „Црн Бор“ – Прилеп,  во која се наведува дека пожарот во атарот на селата Дрен – Смолани, кој беше изгаснат на ден 03.08.2017 година, од околу 07:00 часот на ден 04.08.2017 година, повторно е активен и веќе се проширува, на горниот дел на планината, каде предходно имаше извршено сеча. Екипата од 8  работници е сè уште на местото на настанот. Побарана е помош од ТППЕ Прилеп, но со образложение дека немаат слободна екипа не можат да учествуваат на пожарот. Од страна на ШС Црн Бор имале слободни работници, но немале превоз за да појдат до местото на настанот. Зафатена е претежно ниско стеблеста дабова шума, чалија, смрека и др. Се работи за непристапен терен.

РЦУК – Крушево, ја пренесува информацијата од ТППЕ Крушево во која се наведува дека пожарот кој започна на ден 02.08.2017 година во атарот на с. Подвис сè уште е активен. Гори нискостеблеста деградирана дабова шума, сува трева и стрништа. Поради високите температури, правецот на ветерот и непристапноста на теренот отежнато е гаснењето. Пожарот се шири од пределот по ридот кон с. Алданци. На терен моментално се 3 пожарникари со 1 возило од ТППЕ Крушево и 7 работници од ШС „Липа“ – Крушево со 2 возила.

РЦУК – Тетово, известува дека во реонот на Тетово активни се 2 пожари на отворен простор и тоа:

- Над с. Копанце каде гори површина обрасната со сува трева по сртот на Планината Жеден и не е зафатена шума. На лице место е екипа од ШС „Лешница“ – Тетово.

- Во атарот на с. Гургурница активен е пожарот што од страната на Македонски Брод се префрли на територијата на опш. Брвеница. Гори сува трева и пасишта, но постои можност да се зафати и високата шума. Екипа од ШС „Лешница“ – Тетово и во 10:00 часот стигнала на лице место и се наоѓа кај бунарите во Гургурница. Според нив пожарот по пасиштата се шири кон с. Корито, опш. Гостивар.

За време на состанокот на Регионалниот Штаб – Тетово кој се одржал денеска од 11:00 до 12:00 часот, од страна на претставникот од ЕЛС Брвеница, било укажано дека ситуацијата е многу критична. Засега горат пасиштата, но постои опасност и за повеќе од 1.000 овци чии бачила се во близина на пожарот.

Во општина Гостивар, од ШС „Шар“ – Гостивар, пожарот во атарот на с. Корито е активен и дека интервенира месно население, а интервенира и ШС Шар со 3 вработени, како и од ТППЕ Гостивар. Според информацијата од ТППЕ Гостивар, пожарот бил на 5 км оддалеченост од селото кон селата Трново и Гургурница и истиот не е достапен за гаснење.

ТППЕ Гостивар, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенираат и на пожар кај м.в. Тумчевишка Петла Гостивар.

РЦУК – Велес, известува дека пожарот во атарот на с. Дреново, во месноста Дреновска Корија е активен и со истиот зафатена е шума под даб, јасен и бука, на голема површина. Побарано е да се интервенира со хеликоптер или авион. За ова од страна на РЦУК Велес известени се ДЗС Велес за барањето. ШС „Бабуна“ – Велес, известуваат дека на терен имаат 2 лица и едно лице од месно население, но пожарот е интензивен и не може да се гаси. Остануваат на барањето за гасење од воздух.

Во 13:30 часот, РЦУК Велес не можеле да остварат контакт со лицата од терен и немаат информации за состојбата на овој пожар.

Во врска со пожарот во атарот на с. Богомила во месноста Црвен Дол, во 13:30 часот, од терен добиле известување дека пожарот е активен, екипата на ШС „Бабуна“ гаси од страна на с. Мокрени и прави појас. На лице место е и екипа од 5 луѓе од ДЗС Велес. Во меѓувреме се јавиле луѓе од манастирот „св. Спас“ во близина на школото во Богомила и барале итна помош поради тоа што пожарот е многу блиску до манастирот и имало опасност да го зафати. Од страна на РЦУК Велес известени се надлежните во ЕЛС Чашка, од каде добиле одговор дека и покрај тоа што нудат паричен надомест нема луѓе за гасење. Ситуацијата е критична и има голема опасност пожарот да влезе и во с. Богомила. Во 13:55 часот од ДЗС Велес добиена е информација дека се испратени авиони во Богомила. На телефонскио број 195 имаат голем број на јавувања на жители од Богомила за помош.

Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, теренот е исклучително опасен и непристапен за гасење и во моментов никој не гаси.

РЦУК – Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Штип, во која се наведува дека од 13:30 часот, 4 пожарникари со 1 ПП возило интервенираат поради запалена сува трева помеѓу населбите Пребек и Железничка станица.

РЦУК – Куманово, известува дека ТППЕ Куманово имаат 3 интервенции и тоа:

- Од 12:25 часот, 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснат запалено стрниште на Никујски пат кај место викано Почивало;

- Од 12:40 часот 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснат запалена сува трева кај с. Лојане;

- Од 13:25 часот, 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснат запалено стрниште во атарот на с. Ропајце и с. Виштица.

 

Дежурен оперативен центар на Центарот за управување со кризи на Р.Македонија, телефон 02/3249-211, 02/3249-212; факс: 02/3249-213, 02/3136-226; e-mail: situacionen.centar@cuk.gov.mk