Средба на министерот Едмонд Адеми со претставници на „Македонија 2025”
Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денеска оствари средба со претставници на организацијата „Македонија 2025”, на која конкретно се разговараше за нивните искуства во врска со проблемите и предизвиците кои ги имаат инвеститорите од дијаспората.
Министерот Адеми потенцираше дека економскиот дел од Националната стратегија за соработка со дијаспората ќе биде појдовна точка за редуцирање на бариерите кои ги имаат потенцијалните инвеститори од дијаспората и притоа се договори можна соработка по ова прашање.
Министерот Адеми ја поздрави организацијата на настанот кој го организира Македонија 2025 на 21-ви септември во Скопје, а на кој ќе бидат споделени искуствата на инвеститорите од дијаспората, како и плановите на потенцијалните инвеститори од дијаспората.
Дополнително, министерот Адеми го потврди присуството на Самитот кој го организира „Македонија 2025” на 1-ви и 2-ри ноември оваа година, каде ќе има можност да оствари и директна средба со инвеститорите и потенцијалните инвеститори од дијаспората.