Министерот задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, вчера го пречека поранешниот премиер на Република Турција, Ахмет Давутоглу
Министерот задолжен за странски инвестиции, проф. д-р Аднан Ќахил, вчеравечер го пречека и оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција, актуелен пратеник од Конја, проф. д-р Ахмет Давутоглу на скопскиот аеродром „Алексанар Велики“, кој дојде во работна посета на Република Македонија.
Давутоглу, кој во Скопје пристигна заедно со својата ќерка г-ѓа Сефуре Давутоглу, покрај Министерот задолжен за странски инвестиции проф. д-р Аднан Ќахил, беше пречекан и од страна на амбасадорката на Република Турција во Република Македонија Н.Е. Тулин Еркал Кара.
Проф. д-р Ахмет Довутоглу, кој ќе биде во тридневна работна посета на земјата, по средбата со Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Зоран Заев, ќе оствари и посета на Кабинетот на Министерот задолжен за странски инвестиции проф. д-р Аднан Ќахил.