Честитка за националниот празник на Народна Република Кина
Честитка за националниот празник на Народна Република Кина од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев до Н.Е. г-дин Ли Кечианг, премиер на Државниот совет на Народна Република Кина.
„Ваша Екселенцијо,
Ми претставува особена чест и задоволство, во име на Владата на Република Македонија и во мое лично име, да Ви го честитам националниот празник на Вашата земја и да Ви упатам искрени желби за сèстран напредок и благосостојба на пријателска Народна Република Кина.
Би сакал да го изразам своето уверување дека нагорниот тренд на развојот на односите, искрениот дијалог и размената на средби на високо ниво меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, и натаму ќе продолжи.
Искрено се радувам на нашата средба во ноември во Будимпешта за време на претстојниот 6-ти Самит на шефови на држави и влади во рамките на соработката на НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа и за можноста прв пат да се сретнеме и непосредно да размениме мислења за нови перспективи за натамошното унапредување на сèвкупната соработка меѓу нашите пријателски земји.
Ваша Екселенцијо, доволете да Ви ги упатам, изразите на моето највисоко почитување“.