Работна средба на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми со амбасадорката на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Сибил Сутер Техада
Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми, задолжен за дијаспората, денес оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, г-ѓа Сибил Сутер Техада.
Министерот Едмонд Адеми, потенцираше дека дијаспората на Република Македонија која живее и работи во Швајцарија е значаен сегмент во Швајцарското општество.
Швајцарската амбасадорка, г-ѓа Сибил Сутер Тахада го изрази нејзиното големо задоволство за ангажманот на кабинетот на министерот задолжен за дијаспора и интересот за креирање на Националната стратегија за соработка со дијаспората.
Министерот Адеми, истакна дека соработката меѓу двете земји е одлична, и денес Швајцарија е една од најголемите билатерални партнери на Република Македонија.
Двете страни покажаа интерес за отворена соработка во иднина бидејќи имаат многу заеднички работи и дека тоа е во интерес и за Република Македонија и за Швајцарија.