Празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“ нè обврзува заеднички да ги водиме нашите идни битки - за мир, за стабилност, за подобар живот во Македонија

Делегација на Владата на Република Македонија на чело со министерот за култура Роберт Алаѓозовски, во придружба на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, по повод празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, денеска положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градски Парк во Скопје.
 

 
Венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев положија и делегации на Собранието на Република Македонија, на Претседателот на Република Македонија, на АРМ, на Сојузот на борците на Република Македонија, на политичките партии и на дипломатскиот кор во земјата.
 
 
Владата на Република Македонија им го честита на граѓаните празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, кој нè обврзува заеднички да креираме услови за стабилност и за подобар живот во нашата држава. 
 
 
Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба!