Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Македонија

Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија е основана на 2-ри Февруари, 2002 година, со цел да му помага на Претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности, а кои произлегуваат од Уставот, Законот и Деловникот за работа на Владата.

Канцеларијата ги остварува следните надлежности:

  • Канцеларијата ја координира соработката на Претседателот на Владата со државните органи, јавни претпријатија, установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и други правни лица;
  • Канцеларијата го следи процесот на организација, подготовка и спроведување на програмата на Владата;
  • Канцеларијата се грижи за остварување на заклучоците на Владата од страна на надлежните министерства и органите на државната управа;
  • Канцеларијата се грижи за односите помеѓу Владата, Собранието, судската власт и Претседателот на државата;
  • Канцеларијата го следи остварувањето на насоките дадени од Претседателот на Владата до членовите на Владата;
  • Канцеларијата му помага на претседателот на Владата во соработката со претседатели и претставници на Влади на други држави и со претставници на меѓународни органи и организации и нивни органи;

Претседателот на Владата по сопствен избор и слободна процена може да ангажира надворешни соработници, како на пример: професори, научници, истакнати стопанственици и стручни лица. Претседателот може да ангажира и државни службеници од Генералниот секретаријат на Владата, министерствата и други самостојни органи.

Со Канцеларијата раководи Шеф на Канцеларијата, кој го именува и разрешува Претседателот на Владата на Република Македонија.

 

Правилник за внатрешна организација:

 

Органограм на внатрешна организација:

 

Правилник за систематизација на работните места:

Листа на вработени во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија: