Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е основана на 2-ри февруари, 2002 година, со цел да му помага на Претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности, а кои произлегуваат од Уставот, Законот и Деловникот за работа на Владата.

Канцеларијата ги остварува следните надлежности:

  • Канцеларијата ја координира соработката на Претседателот на Владата со државните органи, јавни претпријатија, установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и други правни лица;
  • Канцеларијата го следи процесот на организација, подготовка и спроведување на програмата на Владата;
  • Канцеларијата се грижи за остварување на заклучоците на Владата од страна на надлежните министерства и органите на државната управа;
  • Канцеларијата се грижи за односите помеѓу Владата, Собранието, судската власт и Претседателот на државата;
  • Канцеларијата го следи остварувањето на насоките дадени од Претседателот на Владата до членовите на Владата;
  • Канцеларијата му помага на претседателот на Владата во соработката со претседатели и претставници на Влади на други држави и со претставници на меѓународни органи и организации и нивни органи;

Претседателот на Владата по сопствен избор и слободна процена може да ангажира надворешни соработници, како на пример: професори, научници, истакнати стопанственици и стручни лица. Претседателот може да ангажира и државни службеници од Генералниот секретаријат на Владата, министерствата и други самостојни органи.

Со Канцеларијата раководи Шеф на Канцеларијата, кој го именува и разрешува Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Слободен пристап до информации

Документи од областа на слободен пристап до информации од јавен карактер:

Обрасци:

Листа - слободен пристап до информации:

Согласно член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015, 55/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/2019), Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија ја објавува следната: 

Листа на информации од јавен карактер

Службено лице

Согласно обврските што произлегуваат од  член  8  од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија бр. 13/2006“), кој почна да се применува  на  1 септември 2006 година, имателот на информации - КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, за службено лице кое ќе посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, го определува Катерина Витанова.

  • Катерина Витанова
  • тел: 02 / 3115 389
  • e-mail: katerina.vitanova@primeminister.gov.mk
  • Влада на Република Северна Македонија
  • Канцеларија на претседател на Влада на Република Северна Македонија
  • Булевар „Илинден“ број 2, Скопје, Република Северна Македонија

Правилник за заштитено внатрешно пријавување:

Согласно со член 2 став (1) и член 3 од Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија:

Слободан Стојановски - државен советник за организациони и нормативно-правни работи поврзани со затворените седници на Владата.

  • Е-маил адреса: slobodan.stojanovski@gs.gov.mk
  • Контакт телефон: 075 248 365
  • Локал 203-ГС канцеларија 406, кула 6

Упатство за прием на пријави од укажувачи

Oвластени лица - офицери за заштита на личните податоци:

1. Зорица Стојановиќ - помошник раководител, Сектор за правни работи

  • Е-мејл адреса: Zorica.Stojanovic@gs.gov.mk
  • Контакт телефон: 076 / 490 - 704
  • Локал 204 - ГС - Канцеларија 412, кула 6

2. Кирил Самарџиоски - помошник раководител, Сектор за информатичка технологија

  • Е-мејл адреса: Kiril.Samardzioski@gs.gov.mk
  • Контакт телефон: 076 446 811
  • Локал 135 - ГС - Kанцеларија 514, кула 7