Премиерот Заев и владина делегација во официјална посета на СР Германија

Премиерот Заев ќе ја предводи владината делегација која на 21 февруари ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.

За време на оваа посета во Берлин, претседателот на Владата на Република Македонија ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

По средбата, канцеларката Меркел и премиерот Зоран Заев ќе имаат заедничка прес - конференција.

Официјалната посета предвидува и средба со претседателот на СР Германија Франк Валтер Штајнмаер.

Во рамките на агендата на официјалната посета на СР Германија, премиерот Заев ќе има и свое обраќање во централната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт.

Календар Влада: 
Wednesday, February 21, 2018 - 00:00 to 23:45