Премиерот Заев ги закрои лозјата во Тиквешијата според традиционалниот обичај

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска, по повод празникот на винарите, Св. Трифун, ги посети винариите Лепово во Неготино, Попова Кула и Кралица Марија во Демир Капија.

Традиционално, по повод денешниот празник, премиерот Заев учествуваше во закројување на лозјата во винарницата Попова Кула во Демир Капија, а присуствуваше и на дегустација и лицитација на повеќе видови на вино од хуманитарен карактер, во винарницата Кралица Марија во Демир Капија.

При посетата на винарниците, премиерот Заев, оствари средба со претставници од бизнис секторот, сопственици на повеќе винарници и откупувачи на грозје, при што беа разменети искуства и сугестии за подобрување на состојбите во овој сектор.