Премиерот Заев на средба со компанијата BIOGEN, обострана е желбата да им се помогне на заболените од ретки болести

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за здравство, Венко Филипе и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, остварија средба со претставници на компанијата BIOGEN, која го произведува лекот „Спинраза“ за ретката болест спинална мускулна атрофија.

Тимот од компанијата BIOGEN, на средбата презентираше резултати од клиничките испитувања на лекот за ретката болест од која во Македонија боледуваат 7 македонски граѓани.

Премиерот Заев, и претставниците на компанијата изразија интерес за соработка и желба да им се помогне на заболените од оваа ретка болест, и се согласија дека одлуките мора да се носат брзо затоа што животите и здравјето на луѓето се секогаш на прво место.

Премиерот Заев се заблагодари за брзата реакција од компанијата и навести дека по завршувањето на консултациите со надлежните финансиски институции, во текот на следните денови, ќе ја информира компанијата за следните чекори.