Помошникот на генералниот секретар на НАТО Алваргонзалес и Заменик генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при ЕК Поповски во посета на Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска ќе ги прими во посета Помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, Заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, кои ќе престојуваат во дводневна посета на нашата земја.

Посетата на двајцата високи функционери на НАТО и на ЕУ e од особена важност за препознавањето на домашните реформски процеси што ги спроведува актуелната Влада за интеграција на Република Македонија во Алијансата и за отпочнување на преговорите со ЕУ.

За време на посетата Помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, Заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, ќе се сретнат и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска,заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за правда Билен Саљији.

Високите претставници на НАТО и ЕК во текот на утрешниот ден ќе се сретнат и со претставници на граѓански здруженија во ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

 


 

* Поради временските неприлики во Брисел, најавената посета на Република Македонија на Помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, Заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, се одложува од 01.03.2018 за 02.03.2018. Двајцата високи претставници на НАТО и на Европската Комисија средбите предвидени за денеска, ќе ги остварат во текот на утрешниот ден.

Календар Влада: 
Петок, Март 2, 2018 - 00:00 to 23:45