Учество на премиерот Заев, МТСП Царовска и МЗ Филипче на настан во организација на канцеларијата на Обединетите нации во Македонија: „По ратификацијата: Што е следно по Истанбулската конвенција“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче ќе учествуваат на настан во организација на канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на жените.

Настанот „По ратификацијата: Што е следно по Истанбулската конвенција“ ќе го отвори постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, а ќе се разговара со претставниците од граѓанските организации, институции и медиуми за борбата и превенција против родово базирано насилство како и унапредување на родовата еднаквост во македонското општество.

Настанот ќе се одржи утре, 7ми март, 2018 година, со почеток во 12:00 часот, во Клубот на пратеници во Скопје.

Календар Влада: 
Среда, Март 7, 2018 - 12:00 to Четврток, Март 8, 2018 - 13:45