Oтворен брифинг со ПВРМ Заев, ЗПВРМ Шекеринска и ЗПВРМ Османи: „Економија, реформа и интеграција на Република Македонија“
Владата на Република Македонија организира отворен брифинг на тема „Економија, реформа и интеграција на Република Македонија“. На средбата, која е отворена за известување за јавноста, новинарите ќе имаат можност да разговараат со Претседателот на Владата Зоран Заев, како и со Заменичката претседателка во Владата на РМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и со Заменик Претседателот во Владата на РМ задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Брифингот ќе се одржи утре (14 април) во Клубот на пратениците, со почеток во 12:30 часот и ќе трае 80 минути.