Премиерот Заев оствари средба со компании од Израел и Косово, заинтересирани за заедничко инвестирање во Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, оствари средба со претставници на компаниите Devoli Group од Косово и OAPI Ltd од Израел.
Претставниците на компаниите пред премиерот и министерот ги презентираа своите планови за инвестирање во Македонија, во областа на земјоделството, сточарството, месната и месо-преработувачката индустрија.
Премиерот Заев, ја поздрави заедничката иницијативата на двете компании и истакна дека ги поддржува нивните иницијативи за преземање понатамошни чекори во продлабочувањето на комуникацијата со економските тимови и тимовите на соодветните институции на Република Македонија, со цел, навремено, детално и професионално постапување во насока на изнајдување на најдобри можни решенија за реализација на нивните планови за инвестирање.
Тој, исто така потенцираше дека зголемениот интерес за инвестирање е резултат од новите економски мерки на Владата, кои привлекуваат инвеститори од целиот свет.