Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на НАТО, Лордот Џорџ Робертсон

Претседателот на Владата на Република Македонија, утре вторник, 24 април 2018 година, ќе прими висока делегација предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО, Лордот Џорџ Робертсон.

Во делегацијата која ја предводи Лорд Робертсон, ќе допатуваат и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на Кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот Дом на британскиот парламент, Роберт Гелбарт, амбасадор и член на Атлантскиот Совет, Ален Ле Роа, амбасадор на Република Франција, Генералот Берни Вајт Спанер, поранешен Командант на британските копнени сили, Зоран Чичак, советник за надворешни работи, Марк Лејти, поранешен специјален советник за комуникации на Генералниот Секретар и портпарол на НАТО, како и Сара Баденбо, како претставник на Дејмон Вилсон, Заменик Претседател на Атлантскиот Совет на САД.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и Лорд Робертсон, утре, вторник, на 24 април, во 15:30 часот, во Клубот на пратениците, ќе одржат заедничка прес-конференција.

Веднаш потоа, со почеток во 16:00 часот во Клубот на пратениците ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат Заменик претседателката во Владата на РМ, и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, Лорд Џорџ Робертсон, Росен Плевнелиев, и Ален Ле Роа.

Истиот ден во организација на Кабинетот на Претседателот на Владата на РМ, за високата делегација, ќе биде организиран прием на кој домаќин ќе биде премиерот Заев (х.Александар Палас, во 19:00 часот).

Календар Влада: 
Вторник, Април 24, 2018 - 00:00 to 23:45