Претседателот на Европскиот совет, Туск на средба со Претседателот на Владата на РМ Заев во рамки на работна посета на земјата

Среда, 27.04.2018 во работна посета на Република Македонија ќе биде Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по повод состанок на лидерите на земјите во Процесот Брдо - Бриони. 

Во склоп на посетата, Претседателот на Европскиот совет, Туск со висока делегација на ЕУ ќе оствари средба со Претседателот на Владата на Република Македонија, Заев и владина делегација во Владата на РМ. 

Во 10:00 часот на платото пред Владата на Република Македонија ќе биде организиран официјален пречек на високата делегација од ЕУ предводена од Претседателот Туск. 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ќе остварат официјална тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на Владата на РМ и на Европскиот совет.

По завршувањето на средбата, од 11:00 ќе следуваат изјави за медиумите.

Календар Влада: 
Петок, Април 27, 2018 - 10:00 to Сабота, Април 28, 2018 - 11:45