Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанствo

Љупчо Николовски е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија.

Официјален е-маил: info@mzsv.gov.mk
Фејсбук страна: www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3
Твитер профил: www.twitter.com/LjupchoNikolov4
Инстаграм профил: www.instagram.com/ljupchonikolovski

 

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при Универзитет  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и има положен правосуден испит.

За време на своето професионално и политичко усовршување, Николовски се стекнал со Диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет,  во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на Европа.

Николовски има сертификат за овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост пред ДЗИС 2012. 

Министерот Николовски е магистрант на Програмата за магистерски студии за административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.

Во својата политичка кариера, во февруари 2014, е именуван за Дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во 2013 година е шеф на кабинет на Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Во периодот од 2009 до 2011, работи како адвокат.

Негова специјалност се и човечки ресурси и деловно право.

Во неговата кариера беше и секретар во Институт на директори во Македонија.  Од 2007 до 2008 е адвокатски приправник и правен советник во Адвокатска канцеларија “Марковска и Андревски”.

Љупчо Николовски  членува во неколку асоцијации како што се: Здружението на правници на РМ, Македонското здружение на млади правници и во Адвокатската комора на Македонија.