Премиерот Заев, министрите Спасовски, Тевдовски и Дураки и ЕУ амбасадорот Жбогар ќе го означат стартот на два проекти во Прилеп

Во вторник, (03.07.2018) Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за финансии Драган Тевдовски и за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки ќе присуствуваат на два настани во Прилеп.

Во 10:00 часот, Премиерот Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на ЕУ во земјава, Семјуел Жбогар, ќе се обратат по повод започнување на изградбата на ИКТ центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет во работата.

Потоа, со почеток во 11:00 часот ќе биде отворена пречистителната станица во Прилеп. На овој настан свои обраќања ќе имаат Премиерот Заев, министрите Тевдовски и Дураки, ЕУ амбасадорот Жбогар, како и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски.

По кратката обиколка на пречистителната станица, односно во 12:00 часот, се предвидени изјави за медиумите.  

 

Календар Влада: 
Tuesday, July 3, 2018 - 10:00 to 12:30